Ценовник за мали пратки преку DHL мрежата
Ценовник на услугите на ЈЦС Ред Шпед ДООЕЛ Скопје за мали пратки пристигнати по мрежата на DHL Експрес Македонија.
Манипулативни трошоци
Манипулативни трошоци (истовар/натовар и складишнина) и, каде што е применливо, поднесување на увозна царинска декларација.
Напомена
Пратката пристигната во царинскиот склад на Ред Шпед ДООЕЛ Илинден треба да се подигне во рок од 20 дена од денот на пристигнување, во спротивно истата ќе биде вратена.
За пратките во складот одговара држателот на складот според состојбата на пратките во моментот на прием. Приемачите се обврзани при преземање на стоката веднаш да ја прегледаат и евентуалните забелешки записнички да ги констатираат со одговорното лице од складот, во спротивно ќе се смета дека преземената стока е уредно предадена. Евентуалното обештетување не може да ја надмине фактурната вредност на пратката.
Ред Шпед ДООЕЛ Скопје го задржува правото на промена на ценовникот без претходна најава, во зависност од стоката.